Tuesday, April 28, 2015

Животни  —  многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство -протисти.Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без’рбетници и ’рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.


Животински клетки, ткива и органски системи

Животинската клетка, како и растителната, е изградена од универзалните органеликлеточна мембранацитоплазмајадрорибозомимитохондрииендоплазматичен ретикулум и други. Меѓутоа, за разлика од растителната клетка, животинската не е толку компактна поради отсуството на клеточен ѕид. Исто така, во животинската клетка не се сретнати вакуолисферозоми и пластиди.
Кај животните се разликуваат четири основни видови на ткиваепителносврзномускулно и нервно. Покрај овие ткива, некои клеточни наслаги во телото на животното се одликуваат со посебен изглед и имаат специјални улоги. Тие, според своите морфолошки белези, не би можеле да се наречат ткива, но, сепак, се ткива. Тоа се половите продукти, крвта и лимфата. Половите продукти од половите жлезди стојат во тесна врска со епителот (герминативен епител), а крвта и лимфата како телесни сокови со неповрзани клеточни елементи, обично се доведуваат во врска со сврзното ткиво (иако можат да бидат толкувани и како посебни творби).
Органските системи се доста добро развиени кај животните. Всушност, секој орган во животинскиот организам не функционира самостојно, туку секогаш е во некаква врска со други, слични по форма или функција органи. Се среќаваат неколку органски системи:
Ендокрин систем, или систем за побавно регулирање на работата на органите, потоа растот и развитокот на истите

Групирање и именување на животните[уреди | уреди извор]

Групирање и именување на животните според сродност[уреди | уреди извор]

Најмалата група од многу слични организми се вика вид. Слични видови на животни, како на пример: домашната мачка, дивата мачка, лавот, тигарот се групираат во поголема група - род мачки. Домашното куче (Шарпланинец, леси, пудлица, далматинец и др.), лисицата и волкот и баџето го градат родот кучиња. Покрај разликите меѓу овие два рода - мачки и кучиња, животните имаат и сличности. Еве некои од нив:
- Се исхрануваат со месо, имаат добро развиени кучешки заби и канџи на прстите.
- Имаат добро развиени сетила за: мирис, вкус, слух и вид.
- Тие се брзи и снаодливи животни.
Родот мачки и родот кучиња чинат поголема сродна група - фамилија ѕверови. Повеќе фамилии како на пример: фам. ѕверови, фам.папкари, фам.копитари и други спаѓаат во редот плацентни цицачи. Редовите плацентни и безплацентни цицачи ја даваат класата цицачи.

фосилни остатоци[уреди | уреди извор]

Фосилните остатоци на изумрените животни потекнуваат во период од пред околу 570 милиони години, па се до денес. Со проучување на различните групи фосили се дошло до сознание дека повеќе од основните групи на животни се појавиле уште од најстарите периоди на создавањето на животот на Земјата. Се претпоставува дека првите животни се појавиле во древните океани, можеби, пред 700 милиони до една милијарда години. Како резултат на прилагодувањето на условите кои владееле во тоа време, а се со цел што подобро да опстојат, кај првобитните животни се појавувале различни видови на измени, така почнувале да настануваат различни видови животни. Оние животни кои немало да се прилагодат постепено изумирале.
Фосилните остатоци ни даваат само делумен приказ на животните кои ја населувале нашата планета. Тие, исто така, ни го покажуваат начинот на живеење на живите суштества и животната средина во која живееле фосилните видови животни. Но, се забележува дека најстарите фосилни остатоци не ни кажуваат ништо за потеклото на животинското царство, за градбата на првите животни, или за едноставните предци од кои различни групи животни се создавале. Имајќи ги предвид сите фосилни остатоци, за животните може да се заклучи дека има фосили кои ги поврзуваат редовите и фамилиите. За разлика од тоа, има малку, или речиси и нема, фосилни облици кои поврзуваат различни класи, а нема ниеден облик кој ги поврзува типовите. За таквите непознати облици на животни во врска со потеклото на одредени групи животни се вели дека се “алки што недостасуваат”.

No comments:

Post a Comment